Мелем за женските очи: Згодните пожарникари повторно се соблекоа за најпопуларниот календар на светот

Кармин

21/10/2020

15:19

2.453

Големина на фонт

а а а

Најпопуларниот календар на светот, 28-ма година по ред се враќа и во 2021 година, а по годината која сите ја имавме, згодните австралиски пожарникари се вистински мелем за очи!

Крајот на 2019 и почетокот на 2020 година беа потполно поразувачки за Австралија за која светот тагуваше во текот на катастрофалните пожари и смртта на повеќе од една милијарда животни. Иако повеќе нема пожари, уништената природа оневозможила враќање на многу раселени диви животни во своите природни живеалишта. 

„Откако видовме како нашите драгоцени животни сакаат да побегнат од пожарите, никој од нас повеќе не е ист. Загубата на животинскиот свет просто не може да се поднесе“, изјавил Дејвид Роџерс, директор на добротворната организација „Australian Firefighters Calendar“ за „Telegraph“.


Токму затоа календарот со австралиските пожарникари оваа година е повеќе од уникатен и содржи уште 2 нови изданија.

Новиот календар наречен „Херој“ оддава признание за напорната работа на австралиските пожарникари во текот на кризата со најголемите пожари во историјата на оваа земја додека другиот календар наречен „Љубители на животни“ во фокус ја става разновидната низа на австралиски диви видови.

И оваа година, традиционално тука е и изданието со кучињата и мачки, но во малку поинаква форма. Имено, Австралијците биле замолени да ги донесат своите спасени миленици од улица на снимањето, за да помогнат во создавање на календарот.


Средствата собрани од календарот ќе им овозможат нов дом на помалку среќните животни. Воедно, оваа година популарните календари ќе бидат поважни од претходно бидејќи парите ќе бидат пренасочени и за лекување на дивите животни повредени во пожарите.

Календарите можат да се порачаат преку официјалниот сајт на организацијата - www.australianfirefighterscalendar.com.





Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk