Беше најубавата жена на светот, а потоа исчезна! Таа е најмистериозниот супермодел

Кармин

21/10/2020

12:37

4.886

Големина на фонт

а а а

Германката Татјана Патиц ја красеше насловната страница на магазинот 'Вог' во јануари, 1990-та година. Честопати ја нарекуваат 'најмистериозниот супермодел', а сето тоа бидејќи одамна се пензионирала и решила да им заврти граб на манекенските денови и се посветила на мирен, семеен живот.

Имено, таа толку многу го презирала своето светло минато што одбила да се појави во документарецот кој се снима за славата и успехот на оригиналните супермодели. Останатите четири дами прифатиле да учествуваат во документарниот филм.

Но, да почнеме од самиот почеток - Татјана е родена во Германија, а пораснала во Шведска. Почнала да се занимава со моделство на 17 години, а набрзо се преселила во Њујорк. Нејзината витка, висока фигура и убавото лице го воодушевило модниот свет, а исто како и Линда Евангелиста станала најпозната по тоа што може да изгледа поинаку 'под секое светло' и на секое снимање.

За каква сензација станувало збор во текот на 90-те години, најдобро сведочи фактот дека била на преку 200 насловни страници на различни престижни магазини и дека започнала соработна со Пиер Линдберг, која траела 30 години!

Убавата русокоса соработувала и со брендовите Версаче, Шанел, Валентино, Карл Лагерфелд, Хелмут Ланго, Дона Каран, Џин Пол Гуалтиеро, а со години била заштитно лице на Џил Сандер.


Како една од 'големата петорка' се појавила и во култниот спорт 'Слобода' на Џорџ Мајкл, заедно со уште четири убавици.

Патиќ на почетокот на 90-те години го префрли фокусот на актерството, но тоа не траеше долго, после што страствено и сериозно му се посвети на активизмот, што и денеска и задржува внимание.

Имено, Татјана во Малибу купила фарма во далечната 1989-та година, а и денес живее таму опкружена со животни и се занимава со еколошко производство на храна. Посветена е на одгледување на синот Џонас, кој го носи нејзиното презиме, а за нејзиниот љубовен живот не се знае ништо освен дека од 2003-та до 2009-та година била во брак со Џејсон Џонсон.


„Не сакав синот да го оставам на дадилка. Тоа јас го избрав. Сите имаме различни приоритети и тоа беше мојот. Не сакав да бидам во авион секој ден“, рекла пред неколку години.

Инаку, во последните неколку години направила неколку модни проекти и реклами, но истите ги бирала многу внимателно и едвај можат да се изборјат на една рака. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk