Во 60-те години жените „губеа глава“ по нив: Тие беа симбол за машка убавина и кавалерство

Кармин

21/10/2020

11:49

1.819

Големина на фонт

а а а

Иако убавината е во окото на набљудувачот, гледајќи ги старите фотографии од актерите од минатиот век, не можеме а да не забележиме дека тие биле симбол за вистински маж.

Марлон Брандо

Безграничниот шарм, убавина и неверојатниот карактер направиле Брандо да биде еден од најпривлечните актери на сите времиња. Бурниот живот и армијата од обожавателки довеле до тоа актерот да има официјално 11 деца, а неофицијално не е познат точниот број.


Гари Купер

Јунакот на вестерн филмовите, во текот на својата кариера глумел во над 100 филмови. Бил голем заводник, но и вистинска стилска икона.


Џејмс Дин

Фактот дека е 2 пати постхумно номиниран за Оскар доволно кажува за неговиот актерски талент. Блескавата кариера, но и смртта полна со мистерии и теории на заговор направиле од Џејмс Дин човек кој не може лесно да се заборави.


Џорџ Пепард

Повеќето жени го паметат Пепард по улогата во филмот „Breakfast at Tiffany's“, иако повеќе толкуваше „жилави“ момци во вестерн филмовите.


Монтгомери Клифт

Крупни очи, извајано лице, аристократско држење - сето тоа брзо му ги отворило вратите на Холивуд на младиот Клифт. Меѓутоа, тој бил многу пребирлив во изборот на улоги, па одбивал многу проекти.


Кери Грант

Во 30-те години на минатиот век, Кери бил плејбој и пред да знаеме што е тоа. Кери Грант се смета за првиот господин во Холивуд во 20-от век.


Пол Њуман

Имал сини очи, згодно тело, насмевка која соборува, но Њуман сакал само една жена - својата сопруга.


Ален Делон

Многумина го сметале Делон за нарцисоиден, меѓутоа тој успеал да оствари светска слава што во негово време било многу тешко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk