Кога ќе се спомене природна убавина, многумина најпрвин помислуваат на прекрасната Наоми Кембел.
Таа започнала да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст, а статусот на супермодел го добила кога станала првиот црн модел на насловната страница на францускиот „Вог“. Со својата појава и соработка со најголемите светски дизајнери, Наоми одбележа цела една деценија, а се до денес успеала да ја задржи убавината и изгледот кој го имала на врвот на кариерата.
Манекенката неодамна наполнила 50 години и на читателите на „Вог“ им открила неколку тајни за својот феноменален изглед.
Ова е само дел од нејзината бјути рутина:
Никогаш не прескокнува отстранување на шминка
„Секојдневно ја чистам кожата, а секоја вечер пред спиење ја отстранувам шминката. Кога се занимавате со јавна професија, лицето мора да биде нашминкано, а целата шминка продира во порите. Кога не работам, се трудам воопшто да не се шминкам. Обожувам кога кожата ми е чиста, без ниту еден грам шминка“, вели Кембел.
Секогаш користи хидратантна крема
Хидратацијата за Наоми е најважна, а советот секогаш да води грижа за влажноста на кожата на лицето и телото го добила од својата мајка. За својата кожа, манекенката започнала да се грижи уште во детството пред да започне да се занимава со моделинг.
Наоми вели дека го сака блескавиот и сјаен изглед на кожата. Како што истакнува таа, сувата мат кожа додава неколку години плус.
Своето разубавување, Кембел го започнува со прскање на лицето со навлажнувач на база на цинк. Цинкот е познат по своите антиинфламаторни својства и помага во спречување на настанување на акни.
Пред нанесување на серум, секогаш користи ролер за лице
По нанесување на спрејот со цинк, Наоми користи дермаролер бидејќи на тој начин кожата многу подобро ги впива хидратантните серуми. Според зборовите на дерматолозите, тоа е сосема оправдано - употребата на ролер ја зголемува апсорбцијата на хранливи материи од 4 на дури 70 отсто.