Не, ова не е собир на манекени, ова е парада на полицијата во Египет

Точка

20/10/2020

21:03

3.400

Големина на фонт

а а а

Припадниците на полицијата на Египет ја покажале својата сила и со што се располагаат на парадата на периферијата на Каиро, но без горниот дел од униформата.

Редови од мажи со цврсти мускули се гледале на парадата како стојат внимателно на кровови од комбија и возила, а на снимките се гледа како се веат повеќе египетски знамиња. 

Настанот, кој бил емитуван на египетската телевизија, предизвикал голем интерес на социјалните мрежи, бидејќи многу корисници ги споредиле сликите од полуголите мажи кои стојат на возила со настани како што се геј-паради.

Коментаторот на настанот рекол дека станува збор за силни мажи кои ги покажуваат своите силни тела и кои, заедно со оклопните возила, треба да ја претстават силата на египетските сили за безбедност.

Почесно место на прославата имал египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, поранешен генерал.

Церемонијата исто така вклучувала демонстрирање на спортски способности на кадетите и промовирање на нови кадети.

Парадата се одржала во Ново Каиро, наменски изграден мега град на периферијата на Каиро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг