Абрамович го губи трпението, Лампард е на излезна врата!?

Макфакс

20/10/2020

18:29

2.015

Големина на фонт

а а а

Доколку во наредниот еден месец Челси не ја промени играта и не тргне со победи, Лампард би можел да биде сменет, а за негов наследник се подготвува Масимилијано Алегри, се шпекулира од Лондон.

Челси не воодушевува со настапите на стартот на Премиерлигата, а газдата на клубот – Роман Абрамович се чини го губи трпението.

Френк Лампард доби можност да го води клубот со кој ги постигна најголемите успеси како фудбалер. Медиумите на Островот тврдат дека Абрамович „се крши“ за промена на тренерот, пред се поради големите пари што клубот минатото лето ги потроши за засилувања.

За потсетување, Челси минатиот викенд испушти победа против Саутемптон (3-3), а вечерва „сините“ имаат тежок испит во ЛШ против Севилја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг