Политички аналитичар: "Трамп е ненормален, за Албанците е важно да победи Бајден"

Точка

20/10/2020

21:55

3.742

Големина на фонт

а а а

Политичкиот аналитичар Фатон Мехмети за "Kosovo-OnLine" вели дека доколку во САД победи Џозеф Бајден, Албанците на Косово би ја зацврстиле американската поддршка.

"Американските избори се важни за Косово, бидејќи Албанците со победа на Бајден ќе ја засилат поддршката од САД, додека Трамп повеќе ги сака Србите, поради нивните врски со Русите", вели Мехмети и додава: 

"Српското лоби во САД повеќе го поддржува Трамп, додека албанското лоби го поддржува Бајден, бидејќи Бајден е познат како голем пријател на Албанците и поддржувач на албанската страна на Балканот".

Според зборовите на Мехмети, властите во САД секогаш биле усогласени кон Косово, но со доаѓањето на Трамп на власт бил нарушен тој континуитет.

"САД имаа единствен став по прашањето за Косово, се додека на чело на државата не дојде Доналд Трамп. Трамп е ненормален претседател во смисла дека целосно го промени американскиот дискурс на Балканот", вели Мехмети, пренесува "B92".




Спонзорирани линкови

Маркетинг