Јелена Ѓоковиќ денеска е успешна жена која што ја препознаваат во сите делови од светот.
Таа неодамна зборувала за книгите кои што ѝ го промениле животот, а на сите им го привлекла вниманието книгата за која што зборувала, а која што била наменета за водење љубов.
Таа со својот сопруг Новак прошетала низ престолнината Србја и во една книжара во центарот на градот ги поделила своите совети:
„Ми кажаа дека имам една минута да најдам неколку книги кои што сакам да ги препорачам. Поминаа три минути, а можеше да бидат и 33. Кога ќе појдам кај популарната психологија, не си одам оттаму“ - вели Јелена во видеото кое што го објавила на својот Инстаграм профил.
Таа избрала дела кои што ѝ го промениле животот:
„Јас моментално најмногу читам популарна психологија и тоа што најмногу допринесува во мојот развој“ - вели Јелена и ја препорачува книгата „E, баш ме заболе“, затоа што зборува за тоа колку се важни нашите сопствени одлуки и тоа што го сакаме во животот.
Еве некои наслови:
„Јас многу го почитувам Џо Диспенца и многу ги сакам неговите книги, мислам дека тој е прекрасен човек. А, тука е и книгата „Четири компромиси“ која што ја препорачувам од срце, како и Естер Парел, таа е генијална за партнерските односи. Сексуалноста е нешто многу важно и многумина го губат во долгите љубовни врски. Епа, ова е нешто што може да ви даде некаква интересна препорака“ - советува Јелена.