Емери: Кога бев во Париз, Килијан мислеше само на еден клуб

Дерби

20/10/2020

12:47

1.870

Големина на фонт

а а а

Унаи Емери се задржа две години на клупата на ПСЖ, време кое беше доволно да стекне близок однос со голем број фудбалски ѕвезди од француската престолнина, кои и ден денеска се лидери на проектот на милијардерите од Катар.

Шпанскиот стручњак изминатово лето се врати во својата родна земја откако во меѓувреме имаше искуство и во Премиер лигата како менаџер на Арсенал, но сега како предводник на Вилјареал, го привлече вниманието на фановите на Реал Мадрид со својата последна изјава за Килијан Мбапе.

Младата француска ѕвезда се најавува како идна огромна ѕвезда на проектот на Флорентино Перез, нешто што според Емери сигурно ќе се случи, порано или малку подоцна.

– Кога бев во Париз, Мбапе мислеше само на едно нешто. Сериозно размислуваше да оди во Реал Мадрид, тоа е клубот на неговиот живот и клуб кој многу го сака. Имаше огромна желба да заврши во Реал и не се сомневам во тоа дека еден ден ќе се случи.

– Јас не сакав да си оди и заедно со претставниците на ПСЖ моравме да го убедуваме да остане во Париз. Моравме да го убедуваме и неговиот татко, им објаснивме дека не е лесно да се замине од Париз, – открива Емери за „Марка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг