Мбапе даде искрена изјава: Нема да ми биде чудно да играм против Кавани, тој повеќе…

Дерби

19/10/2020

16:22

2.856

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани се појави на вчерашниот тренинг на Манчестер Јунајтед, па како што беше најавено, популарниот „Ел Матадор“ со полна пареа се подготвува за мечот кој следи, односно големата дерби пресметка во Лигата на шампионите.

Судбината посака Кавани да го има ПСЖ како свој противник во првиот натпревар на кој може да биде во комбинација, средба која дефинитивно ќе биде посебна за Уругваецот со оглед на тоа што мина седум години во француската престолнина.

Кавани како најдобар голгетер во историјата на ПСЖ сега ќе ги има доскорашните соиграчи за свои противници, бидејќи утре ќе гостува во Париз, но како ривал на „светците“.

Килијан Мбапе доби интересно прашање за тоа дали ќе му претставува проблем да игра против Кавани, на што младата ѕвезда на ПСЖ даде директен и искрен одговор.

– Нема да ми биде чудно да играм против Кавани, воопшто нема да се чувстувам така. Сега тој е во друг тим. Му посакувам се најдобро, но веќе не е еден од нас. Ќе играме против него и ќе се обидеме да го победиме, – изјави Мбапе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг