Пикфорд нема да оди на дисциплинска

Макфакс

19/10/2020

16:20

1.818

Големина на фонт

а а а

Голманот на Евертон Џордан Пикфорд нема да биде казнет поради грубиот старт врз Вирџил Ван Дајк, тврди „Скај Спорт“. Пикфорд, го повреди Ван Дајк во водените минути од градскиот дуел одигран во саботата. Против Пикфорд нема да биде покрената дисциплинска постапка.

Како што наведува „Скај Спорт“, по консултацијата со ВАР, било заклучено дека стартот на Пикфорд не е за црвен картон. Исто така, со помош на видео-асистентот, претходно било утврдено дека за Ливерпул не треба да биде досуден пенал бидејќи Ван Дајк се наоѓал во недозволена позиција.

Фудбалската асоцијација на Англија, дополнително ќе одлучува дали ќе подели казни за инцидентите што не ги констатирале судиите во текот на натпреварот.

За потсетување, по дуелот со Пикфорд, Ван Дајк, го напушти теренот, а прегледите покажале дека тој ќе мора да го оперира повреденото колено. Холанѓанецот најмалку шест месеци ќе биде на рехабилитација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг