Никнува мобилна мрежа на Месечината: Ќе биде подобра и поквалитетна од таа на Земјата

Точка

19/10/2020

16:48

1.627

Големина на фонт

а а а

Финската компанија Nokia се пофали дека ќе биде клучен партнер во првиот поход на Месечината за поставување на базни станици за мобилна мрежа.

На Месечината ќе биде инсталирана експериментална и комерцијална 4G LTE мрежа за посетителите на природниот сателит да останат во контакт со луѓето на Земјата.

На изградбата на мрежата ќе работи огранок на финската компанија Nokia of America, а вредноста на експерименталниот договор е околу 15 милиони долари. Вкупната вредност на изградба на 4G мрежата на Месечината изнесува околу 370 милиони долари и Nokia и NASA ќе го спроведат планот за ширење во рамките со развојот на ситуацијата на небесното тело.

Проектот е наречен Tipping Point. После имплементацијата на 4G мрежата и успешноста на работата, ќе се изврши изврши транзит на 5G технологијата, но од NASA и Nokia за тоа не дадоа временски рок.


„Ова ќе биде првиот комуникациски систем во вселената. Системот би можел да поддржува лунарна површинска комуникација на многу поголема оддалеченост и при многу големи брзини од тоа што ние имаме можност да го користиме на Земјата“, се пофалија од американската вселенска агенција NASA.

Целта на телекомуникациската мрежа е со сигнал за интернет и телефонија да се опремат лунарните, односно вселенските роботи, ровери, летала и други возила кои на тој начин ќе можат да комуницираат меѓусебно, како и со Земјата.

Од NASA и Nokia не открија до кога овој проект би требало да биде завршен, но завршувањето на првата база на NASA на Месечината е планирано за 2028-ма година, па веројатно и тоа би требало да биде рокот за поставување на првата мобилна мрежа на Месечината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг