Во Волфсбург мудро проценија дека им е потребен помал модел за кој би можеле да да ја искористат формата на култната „Буба“.
Третата генерација на Volkswagen New Beetle ќе биде електричната верзија ID.3 со должина од 4,1 метри и „носталгичен“ дизајн ќе овозможува одличен домет од 550 километри со едно полнење.
Volkswagen ID.Beetle ќе биде за 18 сантиметри пократок од последната генерација на моделот кој како погон користеше мотор со внатрешно согорување.
Засега познато е дека литиум-јонските батерии ќе бидат поставени на самиот под, а купувачите ќе можат да изберат помеѓу неколку капацитети со "WLTP" домет од 330 до 550 километри.
Volkswagen ID.Beetle би можел да пристигне на пазарот веќе на есен идната година, а најголемата брзина која ќе може да ја достигне ќе биде 160 километри на час.