Просторот во кој живееме воглавно ја отсликува и состојбата на нашиот ум. Денес луѓето сè почесто се одлучуваат за минималистички животен стил бидејќи со средувањето на хаосот во домот, всушност ги средуваме и мислите и го доведуваме животот во ред.
Следните 5 чекори ќе ви помогнат да го средите домот, но и вашиот ум:
1. Направете листа на работи и ставете ги во групи како облека, документи, спомени и слично. Идентификувајте ги групите и нештата.
2. Прецртајте ги сите непотребни работи во секоја група.
3. Спакувајте ги сите прецртани работи од листата.
4. Размислете и одлучете дали ќе ги користите работите кои останале на списокот и дали реално ви требаат. Тие кои дополнително ќе ги прецртате, исто така спакувајте ги.
5. Одлучете се што ќе правите со работите кои сте ги спакувале – ставете ги на некое посебно место, продадете ги или подарете ги на оној кому му се потребни.
Немате мотивација еднаш засекогаш да раскрстите со работите кои во суштина не ви требаат? Ви претставуваме 5 најголеми предности на минималистичкиот стил:
Поголем комфор и заштеда на пари
На овој начин ќе започнете да го купувате само она што ви е потребно, наместо да трошите пари на собирање работи само затоа што се убави. Со тоа ќе го зголемите животниот простор, но и домашниот буџет.
Минимализмот ќе ви помогне да заштедите време и енергија, односно да не ги губите на барање нешта низ домот.
Непотребните работи повеќе нема да ви го одвлекуваат вниманието, а со тоа автоматски ќе станете посреќни.
Побрзо и полесно чистење на домот
Со помалку нешта и предмети, чистењето во домот е поретко и трае многу пократко.
Кога ќе престанете секој ден да гледате во предметите кои ве потсетуваат на минатото, повеќе нема да се враќате на старите времиња и конечно ќе се почувствувате слободни!