Карабатиќ доживеа тежок удар на залезот на својата кариера: ПСЖ соопшти ужасна вест за својата ѕвезда

Дерби

19/10/2020

13:17

3.651

Големина на фонт

а а а

Никола Карабатиќ се наоѓа пред уште еден огромен предизвик во својата кариера, бидејќи во ситуација кога ги игра завршните години од професионалната кариера, ќе мора да мине една тешка препрека.

Францускиот великан ПСЖ ова утро излезе со најлоша вест поврзана за искусниот Карабатиќ, кој откако предвреме го заврши последниот меч против Иври во домашното првенство, подлегнал на детални лекарски прегледи.

За жал, истите покажале дека има руптура на предниот вкрстен лигамент, поради што Карабатиќ сега ќе мора да замине на операција и да остсуствуа од терените со месеци.

– Откако беше приморан да направи тестови по последниот натпревар против Иври, Никола Карабатиќ подлегна на детални прегледи и истите покажаа дека има кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено.

– Францускиот репрезентативец ќе биде опериран набрзо, ќе се врати на терените за неколку месеци. Клубот и сите соиграчи сакаат да му изразат огромна поддршка, – гласи објавата на „светците“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг