Елена Ристеска: „Грев е што солзите за покојниот татко ги искористија за лајкови!“

Точка

19/10/2020

11:40

5.603

Големина на фонт

а а а

Елена Ристеска деновиве беше гостинка во студиото на „Репортер“. Во рамки на интервјуто пејачката зборуваше за својата козметичка линија, „ЕРА“, како и за фактот дека е прва јавна личност од домашната јавна сцена која има парфеми со свој потпис.

„Кога ја почнав приказната со козметичката линија сфатив дека, освен пари и време, не можам да изгубам ништо. Парите ќе ги заработам пак, а потрошеното времето може да ми донесе ново искуство, рече Елена и се наврати две години наназад, кога решила идејата за лансирањето на „ЕРА“ да ја претвори во реалност.

Потоа се осврна и на последните наслови кои осамнаа во медиумите поврзани со нејзината изјава дека размислува да посвои дете, а дел од нив дури беа извадени и од контекст и преформулирани на погрешен начин.

„Ние каква режисерка нација сме, тоа е чудо. Да се искористи моја фотографија каде што низ солзи зборувам за мојот покоен татко и да се залепи на изјава во која велам дека имам желба да посвојам дете, па зарем тоа не е грев?“, реторички потенцираше Ристеска.

Во разговорот откри и детали од снимањето на рекламата за „ЕРА“ во Мајами, прозборе за односот со внуката Делфина, за времето поминато со семејството, љубовта, музиката...



Спонзорирани линкови

Маркетинг