Кејт Хадсон дала многу изненадувачки одговор на едно провокативно прашање кое што ѝ го поставила нејзината колешка.
Актерката Кејт Хадсон гостувала во подкаст кај својата колешка Гвинет Палтроу, па открила непознати и интригантни детали кои што изненадиле многумина.
Провокативните прашања кои што Гвинет ѝ ги поставувала на Кејт ја збунувале, па поради тоа таа дала некои изненадувачки одговори. Гвинет ја прашала Кејт кој од нејзините актерски партнери најдобро се бакнува, но таа дала спротивен одговор, па го спомнала Метју Меконахи во не баш позитивен контекст.
„Секојпат кога ќе го бакнев Меконахи, нешто се случуваше, како вишок сила или пак ветер“, изјавила Кејт.
Инаку, таа со Метју играше во филмовите „Како да изгубите момче за 10 дена“, но и во „Не е злато сè што сјае“.
„Тој беше лигав по цело лице“, низ насмевка открила Кејт.
Кејт Хадсон признала дека меѓу нив постои братска енергија и дека се чувствувала како да бакнува некој роднина.