Како изгледа кога Бил Гејтс ќе дојде на интервју за работа кај позната НБА ѕвезда?

Точка

17/10/2020

16:19

3.749

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс е милијардер и технолошка икона, така што мали се шансите дека на вториот најбогат човек на светот наскоро ќе му биде потребно интервју за работа.

Сепак, благодарение на НБА ѕвездата Стеф Кари, можеме да дознаеме како Гејтс би одговорил на неколку основни прашања на разговор за работа, вклучувајќи и опишување на своите предности и маани, како и тоа колкава плата очекува, пренесува „CNBC“. 

Видеото е објавено на Јутјуб од страна на Кари како прв дел од неговата нова серија видеа, наречена „State of Inspiration“.

„Не знам кога последен пат сте биле на интервју за работа“, му кажал Кари на Гејтс, истакнувајќи дека „многу деца, вклучувајќи ги и оние кои неодамна завршиле факултет, се обидуваат да влезат на пазарот на труд“ кој кошаркарот го опишал како „екстремно несигурен“ поради рецесијата која владее низ светот поради пандемијата на коронавирусот.

Како изгледал целиот разговор, погледнете во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг