Новото „срце“ на италијанската икона: Ducati го претстави V4 Granturismo

Точка

17/10/2020

15:51

2.462

Големина на фонт

а а а

Ducati има огромна традиција во производството на мотоцикли, на почетокот двоцилиндарските кои ја одведоа италијанската компанија на „Супербајк“ светскиот шампионат и воспоставија доминација која продолжи со четирицилиндарските мотори.

Со еден таков, на пример, Кејси Стонер беше светски шампион во 2007-ма година и тоа е единствената титула на Ducati во MotoGP шампионатот.

Сега, нивниот тим на инжинери го разви V4 Granturismo моторот, новото срце на Ducati кој може да испорача 170 коњски сили при 10,500 вртежи, додека најголемиот обртен момент е 125 Nm при 8,250 вртежи и дизајниран е да биде вистинска ѕверка на асфалтот.

Тежи само 66,7 килограми, на што се исклучително горди во Ducati, а како и да не бидат кога е 1,2 килограми полесен од двоцилиндарскиот мотор, а притоа е многу компактен со оглед на тоа што е за 95 мм понизок и 85 мм пократок од моторот на Multistrada.

Компресијата е на размер од 14:1, а моторот секако е Еуро 5, поседува шестостепен менувач со Ducati Quick Shift технологијата и се препорачува сервис на 60 илјади поминати километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг