Стилистот Крис Аплетон на неговиот Инстаграм профил сподели фотографија од Џенифер Лопез која позира со новата фризура.
Пејачката сега се одлучила за шишки, а повторно ставила и долга екстензија.
Фотографијата собрала околу 50.000 лајкови, а фановите ѝ напишале многу убави зборови.
„Одлично ти прилегаат шишки“, „Ти навистина не старееш“, „Прекрасна како секогаш“, „Ми се допаѓа овој изглед“, „Вака изгледаш уште помладо“, се само некои од коментарите.
Есента е период кога многумина се одлучуваат за промена на фризурата, а шишките со малку труд даваат сосема поинаков изглед.
Пишете нѝ во коментар дали ви се допаѓа новиот изглед на латино дивата.