Шерон Стоун објаснила зошто завршила со врските: „Не ми треба уште едно дете“

Кармин

16/10/2020

11:21

2.643

Големина на фонт

а а а

Актерката Шерон Стоун виртуелно гостувала во емисијата „The Drew Barrymore Show“ на колешката Дру Баримор, во која раскажала бројни детали од нејзиниот живот.

Ѕвездата на филмот „Basic Instinct“ раскажала дека завршила со врските и објаснила зошто. 

„Завршив со забавувањето... Затоа што сметам дека луѓето се неискрени и не се вредни за моето време. Јас уживам во мојата самотија и времето кое го поминувам со моите деца и моите пријатели“, рекла Шерон и продолжила:


„Мислам дека не ми треба уште едно дете. Не сакам никаква неискреност и никакви глупости“.

Стоун навела и дека не чувствува дека „мажите се на исто место каде што се жените денес“:

„Чувствувам дека мажите кои ги среќавам се многу добри пријатели, но кога станува збор за емоционалната зрелост во врските, мажите и жените се наизглед на различни места“, раскажала актерката.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk