Ѝ велат дека има лице на божица, а тело на маж: Започнала да вежба на 20 години, а поради изгледот постојано е на мета на критики

Кармин

16/10/2020

09:54

6.209

Големина на фонт

а а а

40-годишната бодибилдерка Даниела Зукарини од Рим отсекогаш водела активен животен стил и поради истиот има завидна фигура.

Поттикната од својот поранешен партнер, Италијанката започнала редовно да трча уште во своите 20-ти години. 

Благодарение на трчањето во комбинација со напорните тренинзи во теретана, Даниела го одржува завидниот изглед веќе со години. Но, поради мускулестото тело, таа секојдневно е на мета на критики на социјалните мрежи дека претерува и дека телото ѝ изгледа бизарно.

„Има лице на божица, а тело на маж“, е еден од коментарите на сметка на нејзиниот изглед. Често ја споредуваат и со Хулк, давајќи ѝ епитети на монструм и чудовиште, меѓутоа гордата бодибилдерка не обрнува внимание на таквите коментари и тврди дека е посреќна од некогаш.

„Спортот ми помага да останам здрава и во баланс, и физички и психички. Затоа не се осврнувам на таквите коментари“, самоуверено изјавила Зукарини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk