BMW ги претстави новите M3 и M4 Competition

Точка

11/10/2020

11:40

3.190

Големина на фонт

а а а

Баварскиот производител објави интересно видео во кое ги претстави своите нови „ѕверки“.

BMW M3 и M4 во основната верзија под хаубата имаат 6-цилиндарски 3.0-литарски twin-turbo бензинец со 480 коњски сили (353 kW) и 550 Nm максимален обртен момент. Competition верзијата го користи истиот погонски агрегат, но со некои подобрувања развива 510 коњски сили и 650 Nm.

Competition моделите се исклучително брзи, односно од 0 до 100 километри на час овој модел забрзува за само 3,9 секунди.

BMW ги претстави во едно натпреварување, а како изгледаше сето тоа погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг