„Еј ти младост моја, куќо недокуќена“: Џамбазов со емотивна порака и фотографија се потсети на средношколските денови

Точка

08/10/2020

19:57

10.380

Големина на фонт

а а а

Најголемиот македонски шоумен и актер Игор Џамбазов, се чини дека станува еден од најпопуларните ликови и на Интернет поради неговата секојдневна активност на Инстаграм.

Утринава на својот Инстаграм-профил, Џамбазов се присети на старите времиња и сподели фотографија од неговата матурска вечер со неговата партнерка Анче.

Млад, згоден, со долга коса, во костум, одела и кравата, Игор позира покрај својата партнерка.

„На матурска, 1981-ти, со мојата партнерка Маринова Анче... еј ти младост моја, куќо недокуќена...“, напиша Игор во описот на фотографијата на која собра повеќе од 4.000 лајкови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг