Таа веќе со години се придржува до овој утрински ритуал и тврди дека благодарение на него изгледа младолико и витко.
Освен тоа, Жизел Бундшен вели дека начинот на кој го започнува денот е главниот „виновник“ за нејзината среќа и добрата состојба на духот.
Секое утро Жизел станува околу 5 или 6 часот наутро со звуците на океанот кои ја смируваат. Откако ќе го однесе кучето на прошетка, таа медитира 5 минути за да биде спремна за претстојниот ден.
„Медитацијата ми помага да останам добро расположена и смирена. Откако започнав да практикувам медитација, мојот живот е навистина многу поквалитетен“.
Пред појадок секогаш пие чаша топла вода со лимон, со која го поттикнува метаболизмот на правилна работа. Потоа следува појадок кој воглавно се состои од парче тост и кајгана, а консумира и смути кое го прави од целер, краставица, јаболко, куркума, ѓумбир и лимон.
Бундшен е уверена дека нејзината кожа изгледа одлично бидејќи прави добар избор кога станува збор за храната. Воглавно се храни здраво и избегнува масна и премногу солена храна.
„Мислам дека да се изгледа добро и да се има убава кожа е најмногу поврзано со тоа што јадеме, како живееме и како се чувствуваме“, вели таа.
„Секако ми се случува да изедам и нешто слатко и нездраво, но се трудам да не претерам. Доколку денеска јадам малку повеќе, утре ќе водам поголема грижа околу исхраната. Многу е едноставно“.
Покрај правилната исхрана, Бундшен се труди и редовно да вежба. Меѓутоа, таа во ништо не претерува - балансот е клуч и суштина на среќниот живот, добриот изглед и менталното здравје.