Земал пушка во раце и заминал да го брани својот народ: Капитенот на Ерменија ја прекина кариерата и отиде во војна

Точка

30/09/2020

14:23

3.443

Големина на фонт

а а а

Денес е четврти ден од воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно-Карабах

Капитенот на фудбалската репрезентација на Ерменија, Вараздат Харојан, го напуштил фудбалот и се приклучил во војната, која неговата држава ја води против Азербејџан. 

На Харојан му истекол договорот со руски Урал, по што договорил трансфер во грчки АЕЛ, но Харојан одлучил да се врати во татковината и да се мобилзиира за војната, пренесуваат грчки медиуми, повикувајќи се на информации кои неговиот менаџер ги пренел на раководството на клубот.

"Харојан не потпиша договор. Се надевам дека ќе соработуваме во иднина, но тој не знае кога повторно ќе игра фудбал. Ерменија влезе во војна, а тој одговори на повикот на војската, зема пушка во рацете и ќе оди да ја брани својата татковина и својот народ", рекол неговиот менаџер.

Денес е четврти ден од воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно-Карабах.



Спонзорирани линкови

Маркетинг