Актерката се пофали со страстниот бакнеж кој го разменува со новото 11 години помладо момче...

Кармин

30/09/2020

11:00

2.814

Големина на фонт

а а а

Ребел Вилсон на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која што го бакнува своето ново момче Џејкоб Буск.

Неколку денови откако во јавноста првпат се појави со новото момче Џејкоб, австралиската актерка Ребел на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои што разменува страстни бакнежи и нежност со него.


Така 40-годишната Ребел на сите им покажа колку е заљубена во своето момче кое што инаку е милионер и наследник на династијата „Anheuser-Busch“ која што се занимава со производство на познатото пиво „Budweiser“.

Веста дека се заедно ја објавиле на гала вечерта која што ја организирал принцот Алберт во Монако, каде што биле главни ѕвезди, а за тоа придонел и фактото што Ребел од почетокот на оваа година, досега изгубила 40-на килограми, откако почнала да води здрав живот и да вежба.


Ребел и Џејкоб наводно се во врска веќе неколку месеци, а моментално се во Монако каде што уживаат во романтичниот одмор. Според магазинот „People“ тие се запознале преку заеднички пријател, пред една година, но љубовта се родила откако Ребел од родната Австралија се вратила назад во САД, по карантинот поради коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk