Сопругот на актерката која се удави сега живее со нејзината сестра, а фотографијата на која се држат за раце го згрози светот

Кармин

29/09/2020

15:57

4.342

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопруг на починатата актерка Наја Ривера, Рајан Дорси, започнал да живее со нејзината сестра Никајла Ривера.

Целта, како што истакнала Никајла, е тие заедно да го одгледаат синот на Наја и Рајан, 5-годишниот Џоузи кој во јули оваа година остана без мајка. 

За потсетување, ѕвездата на серијата „Glee“ трагично го загуби животот на 33 години кога на 8 јули исчезна на езерото Пиру, а 5 дена подоцна нејзиното безживотно тело беше пронајдено на длабочина од 25 до 30 метри.


Причината за смртта на младата актерка е давење, а начинот е несреќен случај, навеле докторите кои ја вршеле обдукцијата. Наја тогаш, како што пишуваа светските медиуми, успеала да го спаси синот, но не и себеси.

Сега на нејзиниот ожалостен сопруг му помага помладата сестра на Наја, а како што се зборува - тие се неразделни од трагедијата која им се случила.


Рајан и Никајла неодамна заедно се вселиле во изнајмена куќа која има 3 спални соби, а имаат и помош од родителите на Рајан. Парот ја поминува секоја слободна минута од своето време заедно и не излегуваат еден без друг од домот.


На 19 септември, Рајан и Никајла биле фотографирани во еден трговски центар како се држат за раце, онака како што паровите се држат за раце.


Фановите на починатата актерка се згрозени и сметаат дека помеѓу нив се случува нешто повеќе од семејна блискост и дека истата ги надминува роднинските односи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk