Луѓето се најнесреќни во овие години, но не очајувајте - по дождот доаѓа сонце

Кармин

29/09/2020

15:15

2.273

Големина на фонт

а а а

Животот е полн со подеми и падови и секој од нас треба да научи да стои цврсто на нозе и во едната и во другата фаза.

И кога е тешко и не го гледате светлото на крајот од тунелот, секогаш имајте на ум дека животот е вечна борба и од вас зависи како ќе се поставите. 

Проблемите секогаш ќе ги има, но важно е како гледате на нив и дали брзо се откажувате или не. Една студија го истражувала токму ваквиот феномен на подеми и падови и дошла до заклучок во кои години се луѓето најнесреќни.


Едно истражување покажало дека луѓето во одредено доба од животот се најнесреќни - како е тоа можно и како дошло до тоа?

Кризата на средните години - причина за отсуство на среќа

Истражувањето објавено во „Journal of Economic Behavior & Organisation“ подложило на испитување 14 милиони луѓе од 40 европски држави, Америка и 168 земји од „Gallup World Pool“.

Резултатите покажале дека луѓето се најнесреќни во 49-та година од животот, а ваквиот исход ја поддржува кризата на средните години низ која сите, помалку или повеќе, ќе поминеме.


Својата несреќа ја држиме во свои раце

Пред да започнете да размислувате за незадоволството ако се уште немате 49 години, секогаш имајте го ова на ум - ќе биде подобро! Да, навистина - луѓето постари од 50 години чувствуваат вистинска среќа.

Научниците навеле и можни причини зошто тогаш нѝ оди подобро во животот. Имено, луѓето сфаќаат дека дотогаш си поставувале нереални цели и повторно се насочуваат кон сегашноста. Исто така, во постарите години започнуваат повеќе да го ценат своето здравје и благосостојба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk