Намирници кои го чистат џигерот и го забрзуваат согорувањето калории – ќе се „препородите“

Кармин

28/09/2020

11:05

2.757

Големина на фонт

а а а

Што и да изедеме и испиеме во текот на нашите животи, поминува низ џигерот.

Токму поради тоа тој орган трпи и ги впива сите наши лоши прехранбени навики, а со својата работа го штити нашето тело.

Доколку сакате да направите добра работа за вашето тело, а со самото тоа и за вашиот џигер, дознајте како треба да го одржите здрав овој орган и со што може да го исчистите.

Мрсната и пржена храна, нездрави пијалаци, алкохол и лекови, се главните непријатели на нашиот џигер кој што во телото има функција на филтер кој што го штити организмот од штетните состојки.

Но, токму поради таа фукција која што ја извршува, а која што не е ниту малку лесна, тој знае да биде многу напрегнат, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Со оглед на тоа што џигерот не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот џигер нема да нè боли, па поради тоа многу е тешко да се открие тоа.

Но, добра вест е тоа што џигерот може да се регенерира и речиси секоја штета која што му е нанесена може да се поправи.


Намирници кои го чистат џигерот:

1. Лук - го поттикнува создавањето на ензимот кој што му помага на телото да ги исфрли токсините

2. Цитруси - богати со витамин Ц, цитрусите се моќни антиоксиданси кои што му помагаат на џигерот да апсорбира повеќе штетни работи.

3. Зелен чај - состојката катехин, со која што овој чај е пребогат е моќен антиоксиданс кој што го чисти организмот.

4. Зелен зеленчук - преполн е со хлорофил, па поради тоа влијае во неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.

5. Ананас - преполн е со витамин Ц, па поради тоа делува како дуиретик кој што од телото исфрла токсини.

6. Нане - тоа е богато со флавоноиди кои што делуваат како моќни антиоксиданси.


7. Ѓумбир - моќен антиоксиданс кој што го забрзува метаболизмот, помага при исфрлање на маснотијата од телото.

8. Ореви - содржат голема количина омега 3 масни киселини и аминокиселини кои што ги исфрлаат маснотиите од телото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk