Преполна со витамин Ц и одлична во борбата против брчките: Маска за лице од киви и мед која мора да ја испробате

Кармин

28/09/2020

09:57

1.507

Големина на фонт

а а а

Маските на природна база ја освежуваат кожата и даваат неверојатни резултати, а покрај тоа и брзо се прават.

Маската од киви и мед е фантастична во борба против брчките, матирање на лицето и отстранување на мртвите клетки и површинските задебелувања. 

Оваа маска ѝ дава посебна еластичност на кожата, но во истовреме и ја затегнува. Кивито е богато со витамин Ц кој е одличен за регенерација и ревитализација на кожата, додека медот е полн со витамините Б и Ц, како и со здрави органски киселини, минерали и ензими.

Затоа, овие две намирници во комбинација прават чудо за кожата на лицето.


Потребни состојки:

- 1 цело киви

- 2 лажички мед

Начин на припрема:

Излупете го кивито, а потоа изгмечете го со вилушка. Потоа, додајте ја наведената количина мед и добро измешајте. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да отстои 20 минути. Се препорачува ваквата маска да ја користите еднаш месечно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk