Згасна сонот за финале на Јокиќ и Денвер, „езерџиите“ се таму по цели 10 години

Макфакс

27/09/2020

11:22

1.635

Големина на фонт

а а а

Кошркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа екипата на Денвер Нагетс со 117-107 во петиот меч од финалето на Западот и со вкупни 4-1 се најдоа во големото НБА финале. „Езерџиите“ се во финалето првпат по пауза од 10 години.

Денвер предводени од српскиот центар Никола Јокиќ двапати во плеј-офот успеваа да се вратат во игра по негатива во порази од 3-1, но синоќа не можеа да надокнадат негатива од -16.

Лејкерсси во финалето на НБА лигата ќе играат во подобриот од дуелот Бостон-Мајами во кј „жешките“ имаат предност од 3-2.

Леброн Џејмс доминираше при елиминацијата на Денвер со 38 поени, 16 скока и 10 асистенции. Ентони Дејвис додаде 27 поени, а двоцифрени во Лејкерс беа и Алекс Карусо и Дени Грин.

Кај Нагетси Јокиќ мечот го заврши со 20 поени, исто толку уфрли и Џереми Грент, додека Џемал Мареј мечот го заврши со 19 поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг