Единствениот кадет кој го преживеал падот на украинскиот воен-транспортен авион во близина на Харков, Вјачеслав Золочевски (20) опишал што се случувало.
„Сè беше како на компјутерска игра“, рекол тој.
„Тој не памети сè. Во еден момент ја изгубил свеста, а потоа кога се вратил се извлекол од остатоците на авионот и почнал да го гасне пламенот на еден од неговите колеги“, изјавил шефот на администрацијата во Карков, Алексеј Кучер. Како што додал, кадетот не скокнал од авионот за да се спаси, како што првично се мислело.
Преживеаниот кадет во болницата го посетил и претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој денеска бил и на местото на несреќата.
Авионот се срушил во петокот навечер во близина на градот Чугуев во регионот на Карков, за време на тренинг лет. Во авионот имало 27 лица: 7 членови на екипажот и 20 кадети, на еден кадет не му било дозволено да лета. 26 од нив починале.
Двајца кадети успеале да се извлечат од авионот, но еден од нив им подлегнал на повредите во болница.
Уште вчера медиумите пренесоа дека најверојатно причината за падот на авионот бил проблем со моторот, а мајката на еден од починатите пилоти ја поткрепува таа теза, наведувајќи дека нејзиниот син пред несреќата ѝ рекол дека авионот не е во исправна состојба и дека откажуваат моторите.