Кајли Миног ужива со Пол Соломонс, кој што покрај неа бил и во најтешките времиња, а таа сама тврди дека тој е мажот на нејзиниот живот.
Австралиската пејачка, позната како „џебна Венера“, проговорела за тешките денови кои што сега се зад неа и признала дека нејзина најголема поддршка бил 45-годишниот Пол.
Поп ѕвездата била присилена да ја откаже својата светска турнеја во 2018-та година, откако добила опасна инфекција, а сега кога сето тоа лошо е зад неа вели дека Пол ѝ помогнал да оздрави:
„Мораше да ми помогне, тогаш кога навистина ми беше лошо. Ќе ме прегрнеше и ќе ме повлечеше кон себе, на начин на кој што друг никој не знаеше да го направи тоа.
Му значеа и моите обожаватели, мојот свет, но најмногу му значев јас. Многу е убаво да имате некој покрај вас кој што само сака да бидете добро. Ние еден на друг сме си голема поддршка“ - изјавила Кајли во некое интервју.
Инаку, парот се запознал пред само две години, преку заеднички пријател, а Кајли претходно беше верена за Џошуа Сасе со кој што поминала три години заеднички живот.
Се шпекулираше дека до крај на нивната веридба дошло, откако пејачката го исфрлила од станот затоа што премногу се зближил со шпанската актерка Марта Миланс. По, раскинувањет Кајли заминала на Тајланд за да закрепне.
Врската со Пол ја потврдила пред две години, велејќи дека го пронашла идеалниот маж:
„Се чувствувам уште позадоволно и посреќно што сега го имам во мојот живот. Навистина се грижи за мене“ - изјавила таа за „Mirror“.
Инаку, на Кајли докторите ѝ дијагностицирале рак на дојката кога имала 36 години, а поради здравјето откажала многу светски турнеи и веднаш заминала на лекување.