Поранешниот напаѓач на Ајакс го прозва Куман: Мене ме масакрираше за потег како овој на Меси

Дерби

25/09/2020

19:42

3.817

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси испрати жесток напад до управата на Барселона кога за првпат не го виде Луис Суарез во тренинг центарот после цели шест години минати заедно, јасно осудувајќи го начинот на кој клубот се ослободи од напаѓачот кој му донесе толку многу успеси на каталонскиот гигант.

Меси на емотивен начин се збогуваше од својот добар пријател, но уште еднаш стави до знаење дека има ужасно расипани односи со управата на клубот, која всушност не му дозволи да си замине во летниот преоден рок.

Реакцијата на Меси на Инстаграм предизвика безброј коментари на социјалните мрежи, но додека најголем дел го поддружуваат Аргентинецот, има и една објава која се разликува од остнатите.

Станува збор за твитот на Ахмед Хосам Мидо, поранешниот египетски напаѓач кој настапуваше во Ајакс, а кој поради конфликт со Куман мораше да си замине од холандскиот тим.

– Сакам да ја видам реакцијата на Куман по изјавите на Меси за Суарез .. Куман ме месакрираше и ме натера да го напуштам Ајакс поради тоа што го кажав моето мислење во медиумите за работи кои се однесуваат на тимот, иако имав 18 години !! Секако, не се споредувам со Меси, но денешната позиција ќе потврди многу работи што посакував да дојдат со текот на времето, – порача Мидо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг