Скалони му одговори на Ди Марија: Тие што не играат…

Дерби

25/09/2020

19:41

2.212

Големина на фонт

а а а

Офанзивецот на ПСЖ, Анхел Ди Марија имаше бурна реакција откако беше изоставен од списокот на Аргентина за дуелите со Еквадор и Боливија во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година.

На Ди Марија не му беше јасно зошто не доби повик од селекторот Лионел Скалони, односно не можеше да го сфати објаснувањето дека се работи за смена на генерации, а притоа тука се уште се дел од играчите како Меси, Отаменди и Агуеро.

Поради ова се крена прашина, па селекторот Скалони мораше да се огласи и да испрати порака.

-Ние не сме ја затвориле вратата за никого. Напротив. Репрезентацијата им припаѓа на сите. Во моментов вака се одвиваат работите – но тоа не значи дека во иднина работите нема да бидат поинакви. Сите момци кои имаа шанса да играат, би сакале да продолжат и бидат дел од проектот и да не се повлекуваат од националниот тим.

-Пекерман ни всади начин на разбирање на фудбалот и одбрана на националниот тим. Пораката ја добија и никој не остави лошо лице. Оние што не играат треба да не поддржат однадвор и тоа го разбираат. Денешната генерација продолжува да дава се од себе да игра за својата земја, -рече Скалони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг