Еднаш дива, засекогаш дива: Безвременската елеганција и минималистичкиот стил на Моника Белучи се модна лекција

Кармин

25/09/2020

09:43

2.631

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи не експериментира и не ги следи слепо трендовите, што, ќе се сложите, не би ѝ прилегало на нејзиниот карактер и тип на убавина која ја поседува.

Она на кое е вистински верна е елеганцијата која се одликува со женственост, стил, урамнотежени и мирни бои и сосема едноставни модели (под едноставни не подразбираме здодевни).  

Секоја комбинација која ја носи познатата актерка, без разлика дали станува збор за одело или свечен фустан, е надополнета со акцесоари или детали кои совршено го надополнуваат аутфитот и прават да изгледа беспрекорно, но во истовреме и ненападно, одмерено и дамски.


Монохроматскиот стил кој Белучи го претпочита, како и оделата во комбинација со секси корсети и високи потпетици едноставно мамат воздишки на прв поглед. А фустаните на оваа дива се синоним за „помалку е повеќе“ и докажуваат дека личниот стил и едноставноста се нераскинливо поврзани.

Секако, не смееме да ги заборавиме и совршено усогласените акцесоари - чанти, чевли, накит и очила за сонце кои се внимателно бирани за секој стајлинг.

Едноставно - Моника Белучи е дама со стил, во вистинска смисла на зборот!





Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk