Д-р Пановски за „Скопско ехо“: „Постојаното носење на заштитни маски на отворено ќе предизвика реперкусии на органите за дишење“

Точка

24/09/2020

16:14

5.609

Големина на фонт

а а а

Во интервју за „Скопско ехо“, микробиологот д-р Никола Пановски зборувал за тоа дали е прифатлива најавената мерка за задолжително носење на заштитни маски на отворен простор.

Д-р Пановски смета дека мерката е спротивна на научните сознанија и на она што се случува во практиката и дека истата ќе биде одбиена од населението до тој степен што маските нема да се носат и таму каде што е неопходно. 


„Главен начин на пренос на овој вирус е респираторниот, преку капки и ареосоли. Инфективната доза е релативно голема, треба стотици вируси да навлезат за да предизвикаат инфекција, за разлика од вирусите на морбили, варичела и вариола, каде и една честичка е доволна. Затоа вирусот многу потешко се пренесува на отворено или во големи простории. Илјадници луѓе се собираа на отворено, имаше и има масовни протести, во ресторани и барови, плажи итн. без да се носат маски. Нема докази дека некој така се заразил, а воопшто нема докази дека некој се заразил ако бил сам на улица! Треба директен контакт на растојание помало од два метри кое ќе трае подолго време и во кое заразениот ќе кива, кашла или зборува. Имено, на отворен простор исфрлениот вирус толку се разредува во воздухот, така да инфекцијата е скоро невозможна, а при дистанца е секако невозможна“, вели микробиологот.

Д-р Пановски додава дека маските и дистанцата имат одличен ефект само ако се применуваат правилно:

„Носењето на маска е мачна работа, ако се носи подолго време. Се разбира не и без реперкусии на органите за дишење, имунитетот, оксигенација на крвта. Затоа е многу важно маската да се носи само кога е неопходна, а надвор ако сме сами само при загаден воздух“.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг