Бред Пит (56) по 7-ми пат станува татко: Младата Германка е во 3-от месец од бременоста!?

Кармин

24/09/2020

14:45

5.005

Големина на фонт

а а а

Веќе некое време се зборува за врската на познатиот холивудски актер, Бред Пит, и младата германска манекенка, Никол Потуралски, а приказната доби ново продолжение.

Американските медиуми пренесуваат дека Никол е бремена, а актерот наводно по седми пат ќе стане татко.

„Двајцата се возбудени, иако Бред на почетокот беше малку шокиран и збунет“, рекол извор близок на парот.

Странските медиуми пишуваат дека Никол е во третиот месец од бременоста и дека напролет треба да се породи.


„Нивната врска и однос многу се развија. Не планираа бебе, но, се случи, па сега се во слатко исчекување. Двајцата сакаат девојче, особено Никол, која веќе има син“, рекол изворот, а парот не коментирал на оваа тема.

Ниту Анџелина Џоли не ги искоментирала гласините, но со оглед дека официјалнно уште е во брак со Бред, оваа вест нема добро да ја поднесе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk