„Сакам да ве предупредам на голем проблем со кој се соочувам веќе некое време“: Стјепан Хаусер со новото видео ги загрижи сите

Точка

23/09/2020

19:32

6.021

Големина на фонт

а а а

Виолончелистот Стјепан Хаусер им се обратил на следбениците на Инстаграм преку видео снимка со која сакал да ги предупреди своите обожаватели.

Имено, тој открил дека се соочува со крадење на идентитетот на социјалните мрежи и апелирал луѓето да не наседнуваат долку некој им се претстави како него.

„Драги обожаватели ширум светот, сакам да ве предупредам на голем проблм со кој се соочуваме веќе некое време. Се обидовме да го запреме, но за жал, без голем успех. Секој ден се појавуваат стотина нови Хаусер профили на социјалните мрежи Јутјуб, Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Се преправаат дека сум јас, ви даваат лажни информации, ве контактираат. Многу е фрустрирачки. Сакам само уште еднаш да ви кажам дека само еден е Хаусер, не верувајте им на измамници и на лажни профили. Нема никого од вас да контактирам директно, за сите информации кои сакате да ги знаете, само проверете ги моите официјални страници“, рекол Хаусер во своето обраќање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг