Ѓоковиќ: На Надал не му одговараат новите услови во Париз

Дерби

22/09/2020

16:49

3.075

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ стана нов владетел на Рим и по победата над Диего Шварцман стана рекордер по бројот на освоени Мастерс титули, надминувајќи го својот вечен ривал Рафаел Надал кој до вчера беше израмнет на вечната листа со Србинот.

Светскиот рекет број еден сега има 36 титули од Мастерс серијата 1000 и на најдобар можен начин ќе отпатува за Париз, град кој ќе биде домаќин на последниот грен слем за оваа година.

Ролан Гарос традиционално се игра на крајот на месец мај и почетокот на јуни, но оваа година поради коронавирусот, турнирот ќе почне на крајот на месец септември. Поради тоа, Ѓоковиќ смета дека временските услови ќе им одат во прилог на останатите тенисери, но и покрај тоа потенцира дека Рафа и натаму е фаворит број еден за титулата.

– Не можам да се надевам на тоа дека Надал нема да биде во финалето, можам само да се надевам дека јас ќе бидам во финалето и дека ќе се борам за трофејот. Рафа е играч кој има најголеми шанси да се најде на завршниот меч, ако постои еден турнир на кој треба да се обложите, тогаш тоа сигурно е Ролан Гарос и победа на Надал. Сепак, овојпат условите ќе бидат поразлични. Малку дожд, влажен терен, мокра земја, топчињата не отскокнуваат многу и ќе биде поладно. Такви услови се најавуваат за Париз, а мене тоа повеќе ми одговара. Новите услови во Париз не се исти со оние во мај или јуни, но Надал и покрај тоа е фаворит број еден.

– Многумина ќе се сложат со мене, поради историјата и неговите резултати во Париз, не може никого да ставите пред него. И покрај променетите услови. Шварцман покажа дека може да го победите во такви слични услови. Сигурен сум дека Рафа не преферира такви услови, тој сака кога топчето отскокнува високо и кога се игра во топли и брзи услови кога може да го користи својот спин на земја. Иако е фаворит број еден, мислам дека постојат играчи кои можат да го победат, – заврши Новак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг