Џафери – Брегу: Соработката е клучна компонента за евроинтеграцијата на регионот

Макфакс

22/09/2020

16:45

324

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во неговиот кабинет ја прими Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка.

На средбата Џафери истакнал дека Северна Македонија посветува големо внимание на регионалната соработка, како клучна компонента за евроинтеграцијата на регионот и во континуитет активно учествува во работата на регионалните организации и иницијативи.

Генералната секретарка Брегу му го честитала реизборот на претседателот Џафери, го поздравила формирањето на Владата и функционалноста на Собранието.

Во однос на повеќегодишната рамка за регионална и економска соработка МАП-РЕА-2, Брегу истакнала рамката е произлезена од Берлинскиот процес со кој во моментов ко-претседаваат Северна Македонија и Бугарија, а истата предвидува унапредување на дигиталната инфраструктура и поврзување на земјите од регионот, слободен проток на трговија и капитал, поддржување на иновации и претприемништво, како и вложување во активности за привлекување таленти во земјите од регионот.

Таа посочила и дека ко-претседавањето а е одлична можност на дело да се консолидираат и промовираат добрососедските односи меѓу двете земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг