Американската полиција испукала дури 11 куршуми во момче со посебни потреби

Точка

22/09/2020

16:18

1.071

Големина на фонт

а а а

Мајката на Линдон, Голда Бартон, во пријавата во полицијата рекла дека момчето има пиштол.

Полицијата Солт Лејк Сити ранила 13-годишно момче со посебни потреби, на кого биле испукани дури 11 куршуми. Детето преживеало, но тешко е рането, со повредени коски и внатрешни органи. 

Линдон Камерон од Солт Лејк Сити, кој пати од Аспергеров синдром, еден вид на аутизам, е ранет откако неговата мајка повикала полиција за да и помогнат, бидејќи Линдон доживеал нервен слом и не можел да се контролира, објавиле американските медиуми.

Мајката на Линдон, Голда Бартон, во пријавата до полицијата рекла дека момчето има пиштол, најверојатно воздушен и дека тој ден се заканил дека ќе пука во нејзиниот колега и ќе ги скрши прозорците во домот.

Исто така, додала дека детето има страв од униформирани лица и дека се чувствува прогонет кога ќе ги види. Објаснила дека Линдон мисли дека униформирани лица ќе го убијат.

На снимките, кои биле објавени денеска по законите на американската држава Јута, се гледа како полицаец го брка Линдон во доцните вечерни часови.

Потоа му довикуваат на детето да легне на земја, и на крајот се слушаат истрели.

Детето е рането и две недели по инцидентот и натаму е во болница.

Полицијата во Солт Лејк Сити соопштила дека во тек е истрага за овој случај и дека во неа се вклучило и обвинителството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг