Нова голема експлозија во Либан: Се шири густ чад, граѓаните во паника...

Точка

22/09/2020

16:08

1.140

Големина на фонт

а а а

Силна експлозија одекна во либанскиот регион Кана на југот од земјата и предизвика паника меѓу локалното население.

Причината за силната експлозија се уште не е позната, а на снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како густ чад се шири во околината на селото Кана.

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, повредени се неколку лица, а засега нема информации за евентуални жртви.

Според првичните информации, експлозијата се случила недалеку од бензинска пумпа.

Да потсетиме, неодамна дел од главниот град на Либан, Бејрут беше целосно разурнат од масивна експлозија на амониум нитрат. Стотина лица го загубија животот, а по експлозијата избија серија на протести кои ја срушија либанската влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг