Четирисобен стан од рајот: Сместување за совршен одмор во доба на коронавирус

Точка

22/09/2020

15:56

3.438

Големина на фонт

а а а

Пловечки луксузен апартман е најдоброто сместување за годишен одмор за време на пандемијата на коронавирусот.

Тој ви овозможува да пловите каде и да посакате, во тесен круг на луѓе и да уживате во мирот, тишината и неверојатните природни убавини, без страв од зараза. 

Токму таа била идејата на компанијата „ELYT Charter Tahiti“ која наскоро ќе започне да изнајмува луксузни пловечки домови во водите околу Бора Бора, инспирирани од полинезиските кануа.


Пловечкиот дом има 4 соби за максимум 8 лица, како и 2 купатила, добро опремена кујна и трпезарија со голем телевизор. На располагање ви стојат и приватен готвач како и послуга која ќе ви ги послужува сите јадења, ќе ги измие сите садови и ќе го исчисти сиот неред.


Пловилото е долго 15,5 метри, а доаѓа опремено и со кајаци и весла на надувување како и опрема за нуркање. На врвот се наоѓа тераса со непречен поглед кон рајското опкружување на овој остров во Француска Полинезија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг