Италијанците се најдолговечни во Европа, а еве кој град има најмногу стогодишници

Точка

22/09/2020

15:24

976

Големина на фонт

а а а

Италијанците меѓу жителите на земјите не Европската унија се најдолговечни, покажуваат податоците на "Eurostat, статистичко биро на Европската унија, кои ги пренесува дневниот весник "Санита".

За разлика од тенденциите на ЕУ, каде во просек мажите живеат подолго од жените, во Италија припадниците на понежниот пол се подолговечни - мажите во просек живеат 81, а жените 85 години. 

Генерално, во земјите од ЕУ животниот век се продолжува, просекот е 81,2 години живот, а тоа зависи од локалните услови за живот, но и од здравјето на планетата, квалитетот на воздухот, водата и храната.

Долгиот век не значи и подобар и поквалитетен живот, бидејќи со зголемување на просечната старост на населението, растат и потребите и издвојувањата на специјални сервисни услуги, пред се здравствените и оние кои се однесуваат на чување на постари лица.

Во Италија, статистичарите прогнозираат дека за неколку години ќе биде проблем како да се наполни касата на пензискиот фонд,, поради остарената популација.

Веќе неколку години Италија е на прво место во светот по малиот наталитет - на секои сто починати се раѓаат само по 67 бебиња.

Ситуацијата ја поправаат мигрантските семејства кои во просек имаат повеќе од две деца и иако на партиите од десниот центар тоа им е тешко да го признат, работниците кои имаат потекло од други земји значително придонесуваат за полнењето на касата на државниот пензиски фонд, а тој тренд

е продолжи да расте.

Меѓу италијанските градови, Трст е на првото место по бројот на жители кои повеќе од 100 години, од 8 до 10 стогодишници на десет илјади жители.

Еден од попознатите е писателот и историчар, припадник на словенечкото малицинство Борис Пахор, кој оваа година го прославил 107-миот роденден. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг