Здогледал две кучиња покрај патот, а урнебесното видео го насмеа интернетот: „Се преплашив“

Точка

22/09/2020

13:50

4.277

Големина на фонт

а а а

Корисникот на ТикТок, „Saxby2.0“, објавил видео на оваа социјална мрежа кое прикажува необична сцена и со тоа насмеал многу следбеници.

Во видеото може да се види како две кучиња седат на столчиња, едно покрај друго покрај патот, а мажот признал дека ваквата сцена го изненадила кога случајно наишол на истата. 

„Се враќав накај дома од работа и погледнав низ прозорецот од автомобилот“, вели тој.

„Тогаш здогледав две кучиња како седат во двор и се прашував што прават“, додал корисникот на ТикТок.

Лабрадорот и питбулот седеле како луѓе на своите столчиња, помеѓу високата трева зад оградата. И двете кучиња зјапале во човекот додека ги снимал и веројатно се прашувале зошто ја попречува нивната приватност.

„Се преплашив“, рекол човекот низ шега.

Видеото собрало повеќе од 84.000 лајкови и за кратко време станало вирално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг