Евра со емотивно обраќање распали по Јунајтед: Луѓе во клубот не го почитуваат Фергусон, почитувајте го нашето богатство!

Дерби

21/09/2020

19:36

3.715

Големина на фонт

а а а

Патрис Евра беше дел од студиото на „Скај Спортс“ изминатиов викенд и ги коментираше во живо случувањата на „Олд Трафорд“, но два дена подоцна, одлучи во живо да се вклучи на Инстаграм и да се отвори за сето она што му тежи на душата.

Легендарниот Французин го започна обраќањето со горчлив вкус, порачувајќи дека не е расположен за неговите забавни понеделнички видеа во ситуација кога е многу повреден и изморен од омилениот клуб. Евра без влакна на јазикот направи една анализа за сето она што се случува во клубот, обидувајќи се да им објасни на фановите дека погрешни луѓе го водат Јунајтед во овој момент.

Евра тврди дека Оле Гунар Солскјер се обидува да направи нешто ново и да ги врати работите на вистинскиот пат, но нагласува дека тоа е тешко во опкружување во кое одредени немаат почит ниту кон Сер Алекс Фергусон.

– Ќе почнам со трансферите. Секоја година е дежа ви, имаме огромно влијание на социјалните мрежи, но во реалност не добиваме ништо. Фановите треба да сфатат дека не може да ги решите работите со пет, шест или седум нови фудбалери, туку со играчи кои се главна цел. Порано се купуваа такви играчи, а сега веќе не е така.

– Со Фергусон немавме трансфер листа, но потоа следеше „бам-бам-бам“. Ван Перси, Евра, Видиќ, Фердинанд. Се се случуваше брзо, тогаш работеа луѓе кои одеа да зборуваат лице в лице со играчите. Сега Јунајтед го има Мет Џаџ, тој е адвокат и на играчите на кои треба да им направи трансфер, им зборува за бројки, – вели Евра и додава.

– Верувајте, ми се јави спортски директор од топ клуб во Европа и ми порача да му кажам на Мет Џаџ да одговори на неговиот телефон. Клубот мора да престане да биде арогантен, има многу лоши луѓе во клубот. Има одредени луѓе кои дури не го почитуваат и Сер Алекс Фергусон.

– Вудвард има само еден проблем, им верува на погрешни луѓе. Пред нас, играчи како Чарлтон и Бест направија историја во клубот, сега некој сака цело тоа богатство да го фрли во вода. Сето тоа поради бизнис. Ги охрабрувам и легендите да зборуваат отворено, знам дека постојат такви кои не зборуваат лошо за да им остане вратата отворена во клубот. Мене не ми е грижа и затоа зборам. Мене не ми е потребен Манчестер Јунајтед, јас го сакам Манчестер Јунајтед. Почитувајте го нашето богатство – нагласи Евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг