Запознајте го африканскиот град, кој што за само 40 години го поминал патот од наоѓалиште на дијаманти и прва рентген станица на јужната хемисфера до напуштен град кој што го „населила“ пустината.
Работник на железницата, Захарис Левал, во 1908-та година на местото на денешен Колманскоп пронашол дијаманти во близина на железничката пруга.
Своето откритие му го покажал на својот шеф Ауфуст Штаунх кој што го тестирал каменот и потврдил дека навистина станува збор за дијамант.
Новостите набрзо се прошириле во тој регион, па за неколку години околу 100 Германци се упатиле во Африка во потрага по богатството.
Колманскоп се ширел, па наскоро почнал да личи на вистински германски град. Изградени биле болници, сали за танцување, училишта, театри, спортски сали, електрични централи, куглани и фабрики.
Некој турист изјавил: „Можеби токму изолацијата и опкруженоста со пустина направиле Колманскоп да стане мал рај на германската култура, кој што нуди забава и рекреација која што одговара на барањата на богатите колонисти“, пренесува „Daily Mail“.
Меѓутоа, по Првата светска војна цената на дијамантите почнала да опаѓа, што влијаело и на тоа градот да биде целосно напуштен.
Денес Колманскоп е град на духови во кој што ветрот константно ги покрива и открива деловите од градот, носејќи големи количини песок.
Овој единствен изглед на градот привлекол многубројни туристи и станал совршена локација за снимање на многубројни филмови, како и јужноафрикански телевизиски серии.