Полина Тасева учествуваше на 35-то издание на „Макфест“ каде освен што ја изведе композицијата „Се се врти во круг“, ја зеде и наградата за најдобар дебитант.
Во текот на манифестацијата, песната „Сѐ се врти во круг“ доживеа премиера на видео записот зад кој се потпишува режисерот Владимир Гавриловски.
Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Робин Зимбаков.